АРХАНГЕЛ ГОРДОСТ LYRICS

Гордост

Сношти чекорев сам на полноќ
Сношти посакав
звук на челик
звук на бетон
звук на осама
Барав место да се сокријам
Барав место да преболам
Сношти чекорев полн со злоба
Полн со осама
Полн со отров,
за крв жеден
Чеден убиец
Нема веќе солзи во очите
Гладно ревеше ѕверот во мене
Чекорев без сон и без сила
да се помирам
Нема веќе ниту солза,
ниту трошка милост
за овие ладни убијци
Убиец раѓа убиец
Господи!
сношти посакав да бидат мртви
и да крварат за да можам мирно
да заспијам
засекогаш