САФ СКОПСКА СИТУАЦИЈА '98 LYRICS

 
Скопска ситуација бурлески
до вчера комунисти сега слават празник верски
ќе речеш не сери ама провери
се се смени од времето на Tитовите пионери
екс социјалисти капиталци на мисија
со ѓаволот во коалиција зборам вистина
луѓе газат преку живи луѓе до позиција
адекватноста не е важна важно си на функција
желбата за моќ да се биде на врвот
не знам како спијат мирно нели ги јаде црвот
има ли во авионот пилот очите му се на тилот
нема закон за потекло на имот
перат прљав ќеш како прљав веш
пиљарот вози BMW интелектот оди пеш
сите имаат суфикси „фили" или „мани"
единство нема идентитетот ни е падни стани
на еден комита 3-ца кодоши
рекетари дилери и секакви олоши
европска провинција по дефиниција
лажирани избори корумпирана полиција
што смислија квази демократија прифатија
одговорноста на ти ја дај ми ја
Господ за 7 дена го создал светот
7 годишната транзиција даде само опозиција
опција сјај или беда
сите го барат мистер роба-роба за да се средат
епидемија на наркоманска зараза
во градот во кој и мажите глумат оргазам
новата содома уште 2 години до армагедон
месијата место крст носи микрофон
над сето ова се издигам не сум лоботомиран
неправдата не ми дава да се смирам

Затишје пред бура пред финалната акција
1998!!!! скопска ситуација
Затишје пред бура следи акција
гневот се таложи и бара сатисфакција
квази демократија или имитација
следи санација на скопска ситуација

Kако Аце циганот на сеат
праааау сега пука тензија смрди реа
знам сега има нова класа главата ветер
пари во ташна на вратот машна на граница шлепер
и тој ќе ми се смее ни перде ни арам
математика знае колку Амди Бајрам
ама нема гајле сепак сме си наши напред за
Македонија во кафана со кренати чаши
граѓани шабани на порше свршуват игнорантни
алтери надувани - откачени бисери!!!!
Mоре логор треба за нас да не сотре логор
или брашно од нашите на јаја паша за наш помор
мојот град главен град република морони
ако треба ново име измислувам - бонбони
а погледот најубав од озгора врз овој град
од авион што си оди од едносмерно од овој град
па како на крајот од светот да сум јас сум
со главата доле одам со бастун и
читам таму негде некој тажен дечко тажи
анонимус не ги трпи своите мали бламажи
и што било лошо демек тој ќе ни кажи во разни
весници за кои уште плаќам - важи!!!!
Па не сме биле млади не сме пееле балади
како тогаш млад скоевец кој сега нас не кради
па овој авторитет над интелект од
гордост дигнат како пенис ерект
ќе ме дигнел мене инертен
против техно и турбо фолк - е па фала ептен!!!
Место ко овој писец солзи да леам
Брамс вели надвор на сонцето да му се смеам
ситуација скопска лица вакви еден куп
не можам слепо да ги следам па дали сум глуп???

Затишје пред бура следи акција
гневот се таложи и бара сатисфакција
квази демократија или имитација
следи санација на скопска ситуација