REBEKA OD DRUGATA STRANA NA LJUBOVTA LYRICS

 
Првпат бев вљубена
во мене, и пекол и рај,
бескрајно изгубена
мислев ќе нема крај.

Платив со тагата
од мене ти оставив дел
ти, пак со лагата
тргна кон својата цел.

Реф:
Јас и тагата и ти
ко мост меѓу нив,
јас и ти и лагата
и љубовта до последен здив.

Небото посинува,
денот се разбудил пак,
сонот не поминува
во мене уште е мрак.

Солзите процветаа,
ангели ми пратија глас,
на сон ти долетаа
во тебе сепак, сум јас.

Реф: .................