АРЧИ ДА ПУКНЕШ ЛЕЛЕ ШТО МИ НАПРАВИ LYRICS

 
Рече дома си, рече сама си
а јас изгубен од желба изгорен
пуштив срцево да ме води,
но што отворив, гром ме погоди

Еј, да пукнеш леле што ми направи
да бегам и прескокам ѕидови
да ме лаат и кинат твојте кучиња
да ме пцуе и колне татко ти,
со твоите седум, осум братчиња

Што ти требаше, па ме лажеше
или работа ти си немаше
еве вечерва пак ме повика
море остани сама довека

Еј, да пукнеш леле што ми направи
да бегам и прескокам ѕидови
да ме лаат и кинат твојте кучиња
да ме пцуе и колне татко ти,
со твоите седум, осум братчиња